Извлечени двојките за 1/16 финалето од Купот на Македонија

Објавено на 14 Јули, 2014 во Куп на Македонија, Вести

Денеска во „Куќата на фудбалот“ беа одредени паровите за воведното коло од Купот на Македонија.

Актуелниот носител на титулата од Купот на  Македонија, тимот на Работнички одбраната на титулата во натпреварувањето ќе ја започне од 1/8 финалето заедно со екипите на Шкендија и Еуромилк кои исто така нема да бидат дел од 1/16 финалето, откако Третата лига – север наместо четири претставници даде три, а третата лига – запад неместо четири претставници даде два. Натпреварите за 1/16 финалето од Купот на Македонија се играат на 20. август 2014. во 17.00 часот. Двојките се следни: Фортуна - Хоризонт , Работнички Џумајлија - Силекс, Кожув/Победа.В - Македонија Ѓ.П 1932, Вулкан - Пелистер, Гоблен Јуниор - Тетекс, Новаци 2005 - Гостивар, 11. Октомври - Шкупи 1927, Брегалница Делчево - Дрита, Беласица - Напредок, Саса - Ренова, Влазними - Вардар, Младост Царев Двор - Брегалница 2008, Победа Јуниор/Младост - Металург.

Двојки 16-Финале Куп 2014-2015.pdf 



   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација