Инклузивен фудбалски турнир - Скопје 2025

Објавено на 08 Мај, 2025 во Вести, Еднаквост


Во рамки на Грасрут проектот и поддршката која Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја дава кон ДСУ „Св. Наум Охридски“, Скопје, денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се одржа инклузивен фудбалски турнир „Скопје 2025“.

Турнирот беше наменет за деца со посебни потреби и претставуваше значаен чекор во промоцијата на еднаквоста, инклузијата и љубовта кон фудбалот.

ФФМ финансиски и логистички го поддржа настанот, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон создавање услови за сите деца да имаат пристап до спортот и неговите вредности.

На турнирот учествуваа следните училишта: ООУ „Ванчо Прке“ - Штип, ООУ „Марко Цепенков“  - Скопје, ООУ„ Димитар Македонски“ - Скопје, ООУ „Димитар Миладинов“ - Скопје, ДСУ „Искра“ - Штип , ДСУ „Св. Наум Охридски“ - Скопје, ОУРЦ „Климент Охридски“ - Ново Село, Струмица, ОУРЦ „Маца Овчарова“ - Велес.

Овој настан покажа дека фудбалот обединува, руши бариери и создава простор за пријателство, радост и развој.






   
   
А репрезентација