Информација за издадени лиценци за учество во клупски натпреварувања на УЕФА за сезона 2023/2024

Објавено на 31 Мај, 2023 во Лиценцирање, Вести


Одделнието за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека Комисијата за лиценцирање по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2023/24 во кое се пријавија девет клубови (ФК Струга Т.Љ., ФК Македонија Ѓ.П., ФК Работнички, ФК Силекс, ФК Шкендија, ФК Шкупи, ФК Брегалница, ФК Тиквеш, ФК Скопје) од Прва МФЛ и четири клубови (ЖФК Љуботен, ЖФК Каменица Саса, ЖФК Тиверија, ЖФК Скопје) од Прва ЖМФЛ, а по преглед на доставената документација ги донесе следните одлуки:

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2023/24 на клубовите:

1.  ФК Струга Трим Љум - Струга

2.  ФК Македонија ЃП 1932 - Скопје

3.  ФК Работнички  - Скопје

4.  ФК Силекс - Кратово

5.  ФК Шкендија - Тетово

6.  ФК Шкупи 1927 - Скопје

ФК Скопје се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2023/24.

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2023/24 на клубовите од Прва ЖМФЛ:

1. ЖФК Љуботен - Тетово

2. ЖФК Каменица Саса - Македонска Каменица

3. ЖФК Тиверија - Струмица

ЖФК Скопје се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2023/24.




   
   
А репрезентација