Информација до клубовите од Прва Лига

Објавено на 24 Април, 2015 во Вести


Тренерската Организација и Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија Ве информираат дека согласно Правлиникот за лиценци (дозволи) за работа на тренери во Фудбалска Федерација на Македонија  што се однесува на тренерите во Прва МФЛ, како и согласно Правлиникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреаврувања на УЕФА, дека тренерот кој е носител на активностите на сенироскиот тим (Тим Менаџерот), мора да поседува УЕФА ПРО Диплома.

 Исто така Ве информираме дека претходно важечкото правило за 50% проследена настава на УЕФА Про ниво повеќе не е на сила за натпреварувачка сезона 2015/16. Од тие причини Ве упатуваме навремено да ангажирате тренер кој ги поседува соодветните квалификации за оваа позиција.

Доколку ви се потребни дополнителни информации обратете се на доленаведените контакти: mario.gjurcinovski@ffm.com.mk или телефон : 02/3204477




   
   
А репрезентација