ИН МЕМОРИАМ: Почина Есад Чолаковиќ

Објавено на 26 Мај, 2016 во Вести


Есад Чолаковиќ, големиот фудбалски шампион и човечка величина не успеа да ја добие животна битка. Есад Чолаковиќ денеска почина на 46 години. Чолаковиќ беше повеќекратен шампион со Слога Југомагнат, повеќекратен освојувач на Купот на Македонија, а настапуваше и во Вардар, Цементарница, Куманово. Есад Чолаковиќ беше поранешен репрезентативец на Македонија, а се смета за еден од нашите најтрофејни фудбалери во Македонија. Голем човек, миленик на навивачите и вистински спортист. Почивај во мир.



   
   
А репрезентација