Игор Ангеловски: Остануваме цврсто на земја и се трудиме да бележиме подобри резултати

Објавено на 28 Март, 2017 во Вести


По триумфот на нашата репрезентација против Белорусија со 3:0 селекторот Игор Ангеловски не го криеше задоволството на прес-конференцијата по натпреварот.

-Го одигравме овој натпревар како да е квалификациски и заслужено победивме. Среќен сум за моите фудбалери што покажаа дека на теренот не се виде разликата од 100 места на ФИФА листата. Не ни треба еуфорија, верувам дека вака ќе продолжиме и во иднина. Среќен сум за дебито на Чурлинов, но жалам што не постигна гол, тоа ќе беше прекрасно. Ја променивме формацијата, имавме контрола на ситуацијата и реагиравме на нивната промена на системот. Наша работа е да се спротиставиме најдобро што можеме против противникот. Моите фудбалери ги спроведоа идеите на претходните пет натпревари, но сега дојдоа и резултатите. Две победи без примен гол ни нудат многу задоволство. Мораме да останеме цврсто на нозе и да бележиме уште подобро резултати, изјави селекторот.




   
   
А репрезентација