Објавено на 20 Октомври, 2015 во Вести
Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски денеска во Џенова оствари средба со Горан Пандев на која беше потврдено дека „Ил гранде Мачедоне“ повторно ќе биде предводник на нашата селекција. Горан Пандев ќе пристигне во Македонија во пресрет на пријателскиот натпревар против Црна Гора, а во функција на А репрезентацијата целосно ќе се стави по двата контролни натпревари на 12. и 17. ноември.
-Среќен сум што повторно ќе бидам дел од репрезентацијата на Македонија. Разговаравме со новиот селектор и подготвен сум да се вратам во националниот тим. Помина долго време од мојот последен настап за Македонија и искрено воопшто не ми беше сеедно. Напротив, тешко ги поднесував сите случувања поврзани со репрезентацијата, но тоа е период кој е зад нас. Сега имаме сосема друга цел. Да се обединиме и да се обидеме да бидеме успешни. На секоја репрезентацијата и треба поддршка, верувам дека заеднички ќе успееме да ја подигнеме мотивираноста и квалитетот, изјави Горан Пандев.
Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...