Горан Пандев - Амбасадор на УЕФА Супер Купот СКОПЈЕ 2017

Објавено на 20 Март, 2017 во Вести, UEFA Super Cup


Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и официјално денеска е претставен како амбасадор на УЕФА Суперкупот „Скопје 2017“ кој на 8. август ќе се одржи на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

-Како што знаете сите, на 8. Август, Скопје и Националната арена ќе бидат домаќини на големиот фудбалски настан – Супер Купот на УЕФА, натпревар во кој ќе се соочат најдобрите две екипи во Европа, победникот од Лигата на Шампионите и Европската лига. Како Фудбалска федерација на Македонија ние сме горди што ја заслуживме шансата да го организираме досега најголемиот спортски настан во нашата историја. Благодарност до УЕФА за укажаната доверба. На овој начин ни се отвора вратата за организирање на настани од ваков профил и во иднина. Една од основните цели на УЕФА е развој на фудбалот во сите делови од Европа, нас ни е исклучително важно што преку овој настан и ние како федерација допринесуваме и го доближуваме фудбалот до неговите навивачи и поддржувачи, истакна во своето обраќање претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.


-Мене, а и на сите во Македонија ни е чест и задоволство што еден од најголемите наши фудбалски амбасадори на сите времиња ќе биде заштитно лице на УЕФА Супер Купот. Официјално го претставувам Горан Пандев за амбасадор на Супер Купот – Скопје 2017. Горан 2010 година со Интер игравте Супер Куп финале, сите ние навивавме за тебе и очекувавме дека ќе подигнеш трофејот во Монако, не успеавте со Интер, но сега улогата е многу поблагодарна...ти честитам што дома, во Македонија ќе го подигнеш големиот трофеј и ќе ја промовираш Супер Купот и нашата Македонија како домаќин на настанот, изјави Ѓорѓиоски.

Горан Пандев истакна дека е голема честа која Фудбалската федерација му да укажува и дека ќе стори се за подобра промоција на настанот кој го организираме во Скопје.

-Благодарност за укажаната доверба. Ќе ми биде голема чест како Македонец да бидам амбасадор на УЕФА Суперкупот 2017. Знаеме дека ќе играат двата тима победници од Лигата на шампооните и Лигата на европа и ќе биде големо уживање да ги гледаме во Скопје, истакна најдобриот македонски фудбалер.

Јас лично би сакал во Скопје да гледаме натпревар меѓу Манчестер јунајтед, како победник на Лигата на Европа и некоја од екипите кои сега ја сочинуваат четврфтиналната двојка Барселона – Јувентус, вели Пандев.

Како и да е, знам дека ќе бидеме добри домаќини за секоја екипа која и да дојде. На моите пријатели од Јувентус и нивните навивачи, ако бидат тие победниците во ЛШ ќе им порачам дека Македонија е прекрасна земја во која ги чека топло добредојде.





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација