Годишен форум на тренери

Објавено на 20 Февруари, 2020 во Вести


Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија, заедно со тренерската организација го организираат редовниот годишен „Форум на тренери“, закажан за 24. февруари 2020. (понеделник) со почеток во 11.30 часот во хотел „Александар Палас“ во Скопје. 

Ги покануваме сите тренери носители на УЕФА Диплома (Б, А, Про, А за голмани) да пристигнат од 10:45 часот за да се акредитираат за настанот. Форумот ќе заврши во 18:00 часот со поделба на сертификат за присуство и пригоден коктел за присустните.

Согласно УЕФА тренерската конвенција на која ФФМ е полноправна членка на овој форум присуството на тренерите носители на УЕФА Диплома (Б, А, Про или А за тренери на голмани) е задолжително, а во врска со продолжувањето на важноста на УЕФА лиценците. Обврска е на секој тренер носител на УЕФА лиценца да присуствува на овој настан за да може да побара продолжување на лиценцата.

На овој форум специјален гостин е Бранимир Ујевиќ, директор за тренерски развој на ФИФА кој ќе се претстави со своја презентација.

Тренерите своето присуство треба задолжително да го потврдат на следната адреса на електронска пошта: Mario.gjurcinovski@ffm.com.mk


Во прилог на оваа информација, можете да го превземете најновиот број на стручното списание  ЗА ТРЕНЕРОТ.pdf 



   
   
А репрезентација