Гинес Мелендез Сотос, Техничкиот директор на Шпанската Фудбалска Федерација ќе одржи семинар во Скопје

Објавено на 03 Септември, 2015 во Семинари

Во текот на утрешниот ден во ФФМ ќе пристигне Гинес Мелендез Сотос, Техничкиот директор на Шпанската Фудбалска Федерација кој за портебите на тренерскиот семинар за тренери во млади категории, национални репрезентации и фудбалски академии.

Тој во Скопје ќе одржи теоретско практични презентации.

Гинес Мелендез Сотос е поранешен селектор на сите младински шпански селекции со кои го има остварено следниот успех:

-  Првак на Европа со репрезентација У-17 во 2007 и 2008

-  Првак на Европа со репрезентација У-19 во 2006, 2011

-  Вице првак на Европа со репрезентација У-17 во 2003, 2010

-  Светски Вице-првак со репрезентација У-19 во 2003

-  Светски Вице-првак со репрезентација У-17 во 2003 и 2007

Покрај овие резултати, со националните репрезентации на Шпанија уште има постигнато и 5-то место на СП за репрезентации до 20 години во 2007 како и 3-то место на СП за репрезентации до 17 години во 2009.

Техничкиот оддел на ФФМ цени дека со овој предавач ќе добие голем квалитет и ќе успее да пренесе на тренерите во Македонија едно големо тренерско искуство од веројатно еден од најдобрите младински селектори во Европа на сите времиња.

Исто така ги потсетуваме клубовите и тренерите на својата обрвска за присуство на овој исклучително квалитетен семинар.




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација