Футсал репрезентацијата на Македонија ги започнува подготовките за меѓународниот турнир во Скопје

Објавено на 22 Октомври, 2014 во Вести, Футсал

Селекторот на А футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски го објави списокот на играчи на кој ќе смета за натпреварите од меѓународниот футсал турнир кој го организираме во спортскиот центар „Борис Трајковски“.


Нашата репрезентација подготовките ги започнува в петок, собирот е во хотел „Континентал“ во 16.00 часот. За натпреварите против Финска, Шпанија или Турција, предводникот на футсал репрезентацијата Васко Скендеровски ги повика следните играчи:

Голмани: Удовалиев Илчо (КМФ Железарец), Тодоровски Мирослав (КМФ Скопје 2011), Петровски Антонио (КМФ Скопје)

Одбрана: Левески Зоран (КМФ Железарец), Агуши Ферид (КМФ Железарец), Крстевски Иван (КМФ Железарец), Златковски Кристијан (КМФ Биџо), Арсовски Џо (КМФ Железарец),

Напад: Глигоров Александар (КМФ Железарец), Леовски Игор (КМФ Скопје 2011), Јовановски Оливер (КМФ Железарец), Ранготов Дарко (Сквер, Хрватска), Тодоровски Мартин (КМФ Железарец), Илиќ Владо (КМФ Биџо), Мицевски Адријан (КМФ Железарец), Трајков Трајче (КМФ Скопје 2011)

- Подмладувањето на репрезентацијата го започнавме на претходните неколку натпревари и навистина сум среќен што младите селектирани играчи потврдија дека имаат желба и потенцијал да бидат дел и од најдобриот состав. Нови играчи има и за натпреварите од меѓународниот турнир, доколку навистина не убедат дека заслужуваат место во А тимот, тие ќе бидат играчите на кои ќе сметаме и во иднина. Отвораме со Финска, селекција која според Уефа ранг листата е на исто ниво како и македонската. Се работи за сериозна репрезентација која напредуваше во последниот период и која има амбиција да влезе меѓу најдобрите европски селекции. Финска сега треба да ја игра улогата на Унгарија, репрезентација која е во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2015. Со победа против Финска велгуваме во пресметка против неколкукратниот европски и светски првак Шпанија, селекција која ја добивме за противник и во квалификациската група. Шпанците доаѓаат со најсилен состав и мислам дека сите ќе го дадеме максимумот најпрвин да обезбедиме дуел против Шпанија, а потоа и да се надигруваме со големиот противник, изјави селекторот Васко Скендеровски.

Првиот натпревар нашата А репрезентација ке го одигра на 27. октомври во 21.30 часот против селекцијата на Финска. На 27. октомври во 19.30 е пресметката меѓу Шпанија и Турција.




   
   
А репрезентација