Футсал репрезентација на Македонија: Нерешено 3:3 против силната Италија

Објавено на 12 Октомври, 2022 во Вести, Футсал


Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва на домашен терен,  во спортскиот центар „Јане Сандански" оствари извонреден резултат, 3:3 против фаворизираната селекција на Италија во меч од групата 10 во рамките на европските квалификации за пласман на Светско првенство 2024.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски во еден неизвесен натпревар со многу возбудувања, одиграа храбро, со голема желба и сосема заслужено ја сопреа моќната селекција на Италија.

Херојот во нашиот тим беше Крстевски, кој буквално во поседните мигови од средбата усепа да погоди за конечни 3:3. Италија на два пати имаше предност од два гола, но на крајот не успеа да слави.

Кај Италија Мота два пати погоди, еден гол постигна Ло Цицеро. Покрај Крстевски, кај нашата селекција по еднаш погодија Рамадани и Петровиќ.

Во првиот натпревар од европските квалификации за пласман на Светско првенство, Македонија на гостински терен беше поразена од Шведска со 5:2.

Македонија: Петровски, Мицевски, Ранготов, Петровиќ (к), Дандан;

Клупа за резервни фудбалери: Стојановски, Левески, Исмаили, Крстевски, Цека, Леовски, Мехмединовиќ, Рамадани, Арсовски;

Селектор: Васко Скендеровски;





   
   
А репрезентација