Фудбалски празник во Струмица

Објавено на 16 Мај, 2017 во Вести


Во среда на стадионот "Младост" во Струмица ќе се одигра еден од најважните натпревари сезонава во македонскиот фудбал.  Шкендија или Пелистер, една од двете екипи ќе биде победник во јубилејното 25. финале на Купот на Македонија. И за тетовци и за битолчани ова ќе биде четврто финале и двете екипи го имаат освоено купот по еднаш. Во 2016 година Шкендија славеше против Работнички со 2:0, а Пелистер се радуваше пред 16 години кога ја победи Слога Југомагнат со 1:0. Струмичани очекуваат спектакл. Кога играат двете екипи, кога еден против друг играат Хасани, Ибраими, Илијоски, Лукас...уживањето е загарантирано. 

Мотивите се големи и кај едните и другите, Фудбалската федерација на Македонија е горда што во среда попладне по 25-ти јубилеен пат ќе организира ваков голем натпревар, фер, коректно, спектакуларно финале сите тоа го посакуваме.

Нека победи подобриот!

Директен пренос од финалето во Купот на Македонија гледајте на ТВ НОВА и на ТВ платформата на ФФМ, tv.ffm.mk



   
   
А репрезентација