Фудбалската паралелка од Скопје издвојува победа од 4-1 над прилепската паралелка

Објавено на 03 Декември, 2014 во Вести, Фудбалска академија

На стадионот „Млади Лавови" во општина Ѓорче Петров контролен натпревар одиграа фудбалските паралелки на Скопје и Прилеп. Убедлива победа од 4-1 оствари фудбалската паралелка од Скопје.

Фудбалерите од скопската паралелка одиграа одличен натпревар, беа поквалитетен противник во текот на целата средба и сосема заслужено издвојуваа победа. Стрелци на головите за победничката паралелка беа Алексовски Филип, Димовски Никола, Трпески Александар  и Трпески Даниел. Единствениот погодок за паралелката од Прилеп го постигна Наумоски Дарио.

Тренерите во Паралелката Скопје, Звонко Златановски и Роберт Стојановски дуелот го започнаа во следниот состав: Наков Лука, Бесар Буши, Факиќ Мерис, Здравковски Нинослав, Мустафи Бесим, Насковски Гоце, Бислими Гент, Фазлагиќ Енис, Алексовски Филип, Филиповски Леон, Димовски Никола.


Наумовски Тони и Кејбаковски Дејан, предводниците на паралелката Прилеп средбата ја започнаа со следните единаесетмина фудбалери: Котевски Даниел, Милошевски Антонио, Бунтевски Христијан, Петревски Петар, Ангелески Дарко, Наумоски Марио, Вецески Христијан, Трајковски Лука, Наумоски Дарио, Начески Филип, Тодоровски Тоше.
-Одигравме одличен меч против фудбалерската паралелка од Прилеп. Се работи за солидна екипа која има одлични фудбалери. И двете екипи одиграа солиден натпревар. Одигравме според договореното пред почетокот, докажавме дека сме во моментот сме подоминантна екипа и сосема заслужено победивме со 4-1, изјави тренерот Звонко Златановски за официјалната веб страна на фудбалската федерација на Македонија 



   
   
А репрезентација