ФОТО: Новата тревна подлога на стадионот во Тетово

Објавено на 10 Април, 2016 во Галерија, Вести


Првиот натпревар на новата тревна подлога на Градскиот стадион во Тетово денеска ќе го одиграат Шкендија и Ренова во рамки на 26. коло од Првата фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија официјално го пушти новиот терен дел од проектот „Хет Трик 4“ на ФФМ и УЕФА кои предвидува реконструкција на пет стадиони во државата.

Претседателот на комисијата за натпревари при ФФМ, Васко Дојчиновски рече дека по пауза од една година во Тетово повторно ќе може да се играат фудбалски натпревари на терен според сите барања за одигрувања на првенствени и куп натпревари согласно критериумите на УЕФА. По завршувањето на сите активности очекувам дека на Градскиот стадион во Тетово ќе може да се одигруваат и меѓународни натпревари, додаде Дојчиновски.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација