ФОТО: Младите фудбалери од Академијата на ФФМ влегоа во својот нов дом

Објавено на 09 Август, 2018 во Вести, Фудбалска академија


Генарациите 2004. и 2005. од фудбалската Академија на ФФМ официјално се вселија во новиот дом, сместувачкиот капацитет во комплексот „Куќа на фудбалот“. Објектот во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ во себе содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА Елитната академија, како и за младите национални тимови. 

Целосно се опремени за живеење 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории - сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија.

Сместувачкиот капацитет е наменет за престој на учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите.

Ова е прв објект од ваков вид во Македонија, а со отворањето се потврдува дека ФФМ работи согласно нејзината визија: Фудбалот на прво место, создаваме можности. 

Една од главните заложби на Фудбалската федерација на Македонија е да ја препознае и да го направи многу подобар „фудбалскиот живот“ на младите. 





   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација