Финалните натпревари од Купот на Македонија во младинска конкуренција ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје

Објавено на 15 Мај, 2019 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија ќе ги организира финалните натпревари од Купот на Македонија за млади категории на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Првично, финалните натпревари од Купот на Македонија во пет конкуренции за млади категории беа закажани на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, но по барање на младинската комисија во рамки на ФФМ, Комитетот за итност донесе одлука сите финални дуели од Купот на Македонија во млади категории да се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Термините за одигрување на натпреварите остануваат исти.

Помлади петлиња (2005): ФК ВАРДАР - ФК КУЛ ЗДРАВЈЕ, 20. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Петлиња (2004): ФК ШКЕНДИЈА - ФК ВАРДАР, 20. мај, 17:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Кадети: ФК РАБОТНИЧКИ - ФК ШКЕНДИЈА, 21. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Младинци: ФК ШКЕНДИЈА - ФК ВАРДАР, 21. мај, 17:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Пионери: ФК ПОБЕДА - ФК ЊУ СТАРС, 22. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Помлади пионери: ФК.АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - ФК ВАРДАР, 29. мај, 11:00 часот, тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје;

Жени: 23. мај, 17:00, стадион„Никола Мантов“, Кочани;

Футсал: 01. јуни, 18:00, спортска сала „Јасмин“, Кавадарци;



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација