Филип Пивковски: Ќе се борам за место под македонското сонце

Објавено на 13 Октомври, 2014 во До 21 год

Филип Пивковски е новиот фудбалер во македонскиот репрезентативен состав до 21. година. Неговите родители се од битолско Могила, Филип е роден во шведски Малме.

За младинските репрезентативни состави на Шведска има одиграно повеќе од 45 натпревари. Поранешниот фудбалер на Малме и Блекбурн, а актуелен член на италијанска Новара ќе дебитира за селекцијата предводена од Благоја Милевски на натпреварот Македонија – Романија на Националната арена во Скопје.

-Со оглед на тоа дека имам одиграно повеќе од 45. натпревари за младинските репрезентации на Шведска одлуката да го сменам репрезентативниот дрес за мене не беше воопшто лесна, иако никогаш не заборавам од каде се моите корени и кое е родното место на моите родители. Во последниот период кога се опоравував од повредата долго размислував дали да ја прифатам понудата да играм за Македонија. На крајот, реков да, ќе се борам за моето место под македонското сонце. Добив впечаток дека можеме фудбалски да напредуваме, во тимот ме прифатија на одличен начин, се работи професионално и се надевам дека секој ќе го даде својот придонес во корист на напредокот на репрезентацијата. Среќен сум што ќе го носам македонскиот дрес, иако во убаво сеќавање ќе ми останат и натпреварите за Шведска. Бројката на настапи за шведската репрезентација не е мала, а во европските квалификации ја носев и капитенската лента.

Филип започнав да тренира фудбал во локален клуб од Малме, БК Ванген пред да му се приклучи на славниот шведски клуб Малме. Со 15 години заминува во Англија, во поранешниот англиски шампион Блекбурн.

-Во Англија е многу важно да бидеш физички подготвен, да бидеш атлета. Стилот на игра е многу поразличен од италијанскиот каде што многу повеќе внимание се посветува на тактиката и играта без топка. Одиграв одлична ланска сезона, дебитирав во Серија Б, бев дел од натпреварите во Копа Италија и станав голгетер во Примавера. Сега сум на 20. минути од Милано, во Новара. Се трудам да напредувам, подготовките се многу важни, мораме да сфатиме дека само работата може да не води напред. На тој начин гледам и кога сум во репрезентацијата. Се надевам дека ќе дадам придонес во подобрување на резултатите со македонската селекција. 




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација