ФФМ со поддршка на фудбалските атлети од Специјална Олимпијада Македонија

Објавено на 20 Април, 2018 во Вести


Специјална Олимпијада Македонија со фудбласки тим од десет атлети, лица со попреченост од ДСУ „Наум Охридски“ ќе ја претставува Македонија на Европскиот фудбалски турнир „7-a-side“кој ќе се одржи во Ст. Петерсбург , Русија во периодот од 22. до 27. април. Фудбалската федерација на Македонија е еден од поддржувачите на атлетите од Специјална Олимијада Македонија.

На турнирот ќе учествуваат 16 тимови од 12 земји, меѓу кои: Русија, Швајцарија, Казахстан, Црна Гора, Хрватска, Латвија, Летонија, Узбекистан, Словачка, Фарски острови, Белорусија  и Македонија.

-Од срце би сакал да ви се заблагодарам затоа што лесно ги препознавме нашите визии, вие сте квалитетни луѓе, знам колку енергија вложувате за да бидете подобри фудбалери и на секој начин каде што ФФМ може да помогне, ќе ви ја подадеме раката и ќе ви ја отвориме вратата. Ви посакувам многу успех и убаво дружење на турнирот во Русија, рече Филип Поповски, генерален секретар на ФФМ на денешната прес-конференција во „Куќа на фудбалот“.

Визијата на Специјална Олимпијада Македонија е преку заедничкиот јазик на спортот, да охрабриме што повеќе луѓе со интелектуална попреченост да останат активни, да се вклучат во фудбалските активности како еден од најраспространетите спортови во Европа, понтамошен развој на фудбалот во Специјална Олимпијада Македонија, да се изградат нови пријателства кои ќе овозоможат едно приемчиво и инклузивно општество.

-Екипата веќе подолго време се подготвува за овој настап и пред се се надеваме на добро искуство, поширување на видиците и подигање на свеста на заедницата  за фудбалските способности на нашите сограѓани, велат од Специјална Олимпијада Македонија.

Турнирот е во организација на Специјална Олимпијада Русија  и Фудбалската унија на Русија, кои оваа година со подршка на УЕФА за првпат по 10 години  се отворени за учество на тимови од цела Европа, кои ќе натпреваруваат во комплексот Зенит.





   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација