ФФМ со благодарница за Бирото за јавна безбедност

Објавено на 30 Мај, 2024 во Вести


Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи доби благодарница од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за досегашната успешна соработка меѓу двете институции.

Благодарницата ја прими директорот на БЈБ, Сашо Тасевски.

-  „Во име на Фудбалската федерација на Македонија би сакал да изразам благодарност до вработените во Бирото за јавна безбедност и директорот Сашо Тасевски за успешната соработка и високото ниво на професионалност во извршување на своите обврски при организација на фудбалските натпревари. 

Фудбалската федерација на Македонија има партнерски однос со БЈБ во однос на поддршката за успешна организација на натпреварите, пред, за време и по завршување на мечевите. ФФМ добива максимална поддршка од претставниците на Бирото за јавна безбедност се да помине без безбедносни проблеми. Благодариме на секој поединец што придонесе натпреварите да бидат на тоа високо ниво, не само од домашниот шампионат, туку и меѓународните натпревари кои ги организиравме“, изјави Игор Франговски при врачување на благодарницата до БЈБ од страна на Фудбалската федерација на Македонија. 





   
   
Актуелности

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

06.02.2025    Вести

Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....

Календар
А репрезентација