ФФМ осигура средства за реконструкција на стадионите во Кочани и Турново

Објавено на 02 Март, 2017 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија осигура наменски средства за реконструкција на стадионите во Турново, градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани и повеќе терени и игралишта кои имаа штети од поплавите. Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски, објасни дека УЕФА и ФИФА навремено беа запознаени со штетите предизвикани од поплавите во нашата држава, а Европската и Светската фудбалска асоцијација во соработка со ФФМ издвоија средства за реконструкција на стадионите и терените.

-Видовме какви штети предизвика невремето и поплавите и драго ми е што во УЕФА имаа слух, а ФФМ секогаш ќе ја помага својата база. Најважно е што на тие терени повторно ќе се игра фудбал. Состојбата на стадионите ја уочивме после поплавите. Тогаш е направен предпроект за обнова и се пријавивме за средства од УЕФА и ФИФА. Тоа се строго наменски и служат за санација на терените и стадионите, изјави Филип Поповски.

На стадионот во Турново во тек е реновирање и прилагодување на соблекувалните, потоа реконструкција на кровната конструкција, а се гради и нова допинг просторија. По финализирањето на реконструкцијата стадионот ќе ги исполнува условите за одигрување натпревари од висок ранг.

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани во тек е реконструкција и санација на теренот, спуштање на хидромеханичка опрема во постоечкиот бунар и подготовка на траса за поставување на нова хидрантна мрежа на фудбалскиот терен. Во оваа фаза се монтира опремата за автоматизирано наводнување на теренот, поврзување на пумпните места и поставување на водени топови за автоматско наводнување на теренот.

На теренот во Драчево изработена е санитарна мрежа од артериски бунар, а во втора фаза ќе биде извршено ѓубрење на теренот.

Паралелно, ФФМ во соработка со УЕФА и ФИФА работи на проекти за реконструкција и на останатите терени и стадиони кои имаа штети предизвикани од поплавите.




   
   
Актуелности

14.05.2025    Вести

Љуботен го освои трофејот во Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на Љуботен третпат во низа го освоија трофејот во Купот на Македонија. Во денешното финале, Љуботен славеше...

Календар
А репрезентација