ФФМ организираше работилница за лекарите од МФЛ - Ургентни состојби на терен, преглед и третирање

Објавено на 18 Јануари, 2019 во Вести


Имајќи в предвид дека сите фудбалери заслужуваат високо ниво на медицинска грижа и поддршка, а притоа почитувајќи ја програмата на УЕФА „FDEP“ која има цел да го хармонизира нивото на медицинска грижа во европскиот фудбал, Фудбалската федерација на Македонија по втор пат организираше каскаден курс „„FDEP“ 1, односно еден вид на докторка работилница. Вкупно 32 лекари од клубовите во МФЛ и доктори од националните селекции учествуваа на работилницата која се одржа во хотел „Континентал“ во Скопје.

Работилницата ја предводеше д-р Илија Стоилов, работејќи со дополнителни четири инструктори кои поседуваат лиценца за инструктори за основна и напредна животна поддршка, издадена од Европскиот совет за реанимација.

Лекарите ги претставија знаењата и вештини за структурираната рамка, односно за тоа како да ги проценат критично болните или повредените играчи и да ги лекуваат, како и фудбалерите или други спортски работници кои  доживеале срцев застој, според Европските насоки за реанимација.

Сите учесници го поздравија повторувањето на курсот со високи стандарди и опремата за обука, согласувајќи се дека јадрото на успешна медицинска нега се добрите вештини и знаење, но исто така и минималните медицински барања- опрема кои УЕФА силно ги препорачува како задолжителни за сите натпревари под покровителство на УЕФА, но и од националното натпреварување.

Лекарите успешно ги комплетираа сите аспекти, вклучувајќи го и писмениот тест, како и практичното тестирање на сценаријата за употребата на кардиопулмонална реанимација (КПР), автоматски надворешни дефибрилатори (АЕД), техники на стабилизација на терен: лог рол, спинална даска и цервикална јака и менаџирање на случаи со траума.

-Ако целите на курсот се да се научат и освежат ефективните техники на лекување, да се споделуваат вистински фудбалски искуства, да се идентификуваат најдобрите практики, работилницата беше комплетен успех, како што беше потврдено од сите учесници, истакна д-р Илија Стоилов.




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација