ФФМ и општина Тетово ќе го реконструираат Градскиот стадион во Тетово

Објавено на 10 Март, 2015 во Вести


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи денеска во Тетово потпишаа договор за регулирање на меѓусебните односи при изведување на работи, реконструкција на фудбалскиот стадион и ревитализација на игралиштето во склоп на стадионот, како и поставување на рефлекторско осветлување. Согласно потпишаниот договор, на градскиот стадион во Тетово ќе биде извршена реконструкција на теренот и поставена природна трева, а исто така ќе бидат поставени рефлектори за одигрување на ноќни натпревари.

-Големо задоволство е што денеска во Тетово потпишавме договор за реализација на соработката за реконструкција на Градскиот стадион, дел од проектот ‘Хет Трик 4’ на УЕФА кој предвидува реконструкција на пет стадиони во државата. По Битола, Тетово е вториот град каде ние потпишуваме договор за почеток на активностите. Овој град заслужува да има модерен стадион каде би се играле и меѓународни натпревари, а желбата на ФФМ е заеднички со градовите да ја подобриме спортската инфраструктура. Ние како федерација имаме обврска да градиме најмодерен терен со дренанжен систем по највисоките стандарди на УЕФА, како и поставување рефлектори за осветлување. Општината треба да изгради покриена  трибина со најмалку пет илјади столчиња, како и реконструкција на под трибинскиот простор каде треба да има модерни соблекувални и потребни простори за еден репрезентативен фудбалски стадион. Се надеваме дека работите ќе се движат според планираното и на крајот Тетово да добие ќе убав и модерен фудбалски стадион”, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Ѓорѓиоски ја потврди заложбата на ФФМ за помош на сите региони низ Р. Македонија, нагласувајќи дека секоја општина мора да ги исполни своите обврски од проектот доколку имаат намера да се вклучат во новите активности кои ФФМ ќе ги реализира со помош на УЕФА.

“Благодарност до Фудбалската Федерација за подршката за реализација на нашата желба конечно да имаме убав и модерен стадион. Ние сме среќни што после 30 години овој стадион ќе претрпе сериозни инвестиции и Тетово како град со три прволигаши ќе има услови какви што заслужуваат тимовите и гледачите. Со овај нов проект продолжува нашата одлична соработка со Фудбалската Федерација со која претходно заедно изградивме еден терен со вештачка трева кој веќе им е во функција на спортистите, сигурни сме дека повторно ќе имеме успех и на овој сериозен проект за кој голема поддршка имаме од Федерацијата и од УЕФА”, рече претседателката на Општина Тетово, Теута Арифи.




   
   
А репрезентација