ФФМ и Федерацијата за Училишен спорт со нов проект во кој се опфатени 80 училишта и повеќе од 2800 деца

Објавено на 23 Јануари, 2019 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Федерацијата за Училишен спорт следниот месец започнува нов проект наречен „Winter football joys“ во кој ќе бидат вклучени 80 основни училишта низ целата држава.

Првите луѓе на федерацијата, в.д. претседателот, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски заедно со претседателот на Федерацијата за Училишен спорт, Александар Туфекчиевски на работен состанок во „Куќа на фудбалот“ ја истакнаа важноста на проектите од овој вид, истакнувајќи ги позитивните искуства од веќе постоечкиот прокет „Фудбал во училишта“.

Во рамки на новиот прокет кој ќе трае до 20. февруари ќе се организираат 42 грасрут настани во 21 град во нашата држава со учество на 80 основни училишта кои се дел од втората фаза од проектот „Фудбал во Училишта“. На грасрут настаните од „Winter football joys“ ќе учествуваат околу 2.800 деца на возраст од седум до десет години. Програмата за целиот проект е изработена и под покровителство на ФФМ.

-Силата на фудбалот лежи во фудбалот на најширока основа и затоа мораме да ги сочуваме локалниот и регионалниот идентитет од нашата игра. ФФМ ќе продолжи да дава целосна поддршка и ќе ја засилува солидарноста која му е потребна на фудбалското друштво во нашата држава. Грасрут активностите се исклучително важни и на овој начин одново можеме да покажеме дека од базичниот фудбал доаѓаат и големи фудбалери, судии, фудбалски работници, но пред се фудбалски поддржувачи и навивачи. Веруваме дека реализацијата на овој проект ќе биде исто толку успешна како и позитивните искуста од постоечкиот прокт „Фудбал во училишата“, истакна Бојан Марковски, координатор на проектот во рамки на Фудбалската федерација на Македонија.



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација