Објавено на 09 Април, 2016 во Вести
Екипите на Шкендија и Ренова в недела ќе го одиграат првиот натпревар на новата тревна подлога на стадионот во Тетово. Денеска официјално беше пуштен во употреба новиот терен на стадионот во Тетово, дел од проектот „Хет Трик 4“ на УЕФА кои предвидува реконструкција на пет стадиони во државата.
Фудбалската федерација на Македонија ја заврши својата обврска од договорот меѓу ФФМ, општина Тетово и УЕФА и заврши со активностите за изградба на модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди на УЕФА.
Обврска на локалната самоуправа е изградба на покриена трибина со најмалку пет илјади столчиња, како и реконструкција на под трибинскиот простор каде треба да има модерни соблекувални и потребни простори за еден репрезентативен фудбалски стадион.
На денешното официјално пуштање во
употреба на теренот со нова тревна подлога и дренажен систем присуствуваше
делегација на Фудбалската федерација на Македонија и Општина Тетово.