ФФМ донираше фудбалски топки за зимски услови на екипите од 1 и 2 МФЛ

Објавено на 10 Јануари, 2019 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија во изминатиот период им донираше фудбалска опрема и фудбалски топки на сениорските екипи во МФЛ, сите категории во младинските натпреварувања и екипите кои се натпреваруваат во шесте региони во државата во Детска лига на ФФМ. 

За овој дел од натпреварувачката сезона, Фдубалската федерација на Македонија обезбеди специјализирани фудбалски топки за зимски услови кои ќе ги добијат сите клубови од Прва и Втора МФЛ.

Со новата донација продолжува големата акција на ФФМ за техничка поддршка на клубовите. Изминатиот период беше доделена опрема, реквизити и фудбалски ЈАКО топки на клубовите од МФЛ, потоа 121 клуб кои се натпреваруваат во Детска лига на ФФМ во сезоната 2018/2019, кои исто така добија опрема и потребни реквизити и топки, а претходно беа вклучени петнаесет клубови кои добија спортска опрема, реквизити, фудбалски топки од средствата добиени од Шампионската лига наменети за развој на младинскиот фудбал во клубовите.

Во наредниот период во донацијата која содржи опрема, реквизити и фудбалски топки повторно ќе бидат вклучени и тимовите од женската лига, кои веќе примија донација за своите екипи од младинските женски лиги.




   
   
Актуелности

17.05.2019    Вести

Првите луѓе на ФФМ на состанок со асоцијациите членки и раководството на УЕФА

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски имаа средба и со Наташа Андонова. На нашата ...

Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација