ФАРЕ КАМАПАЊА „ФУДБАЛСКИ ЛУЃЕ„ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ И МЦКР

Објавено на 24 Октомври, 2020 во Вести, Еднаквост


ФАРЕ акционата недела која се одржува под мотото „ФУДБАЛСКИ ЛУЃЕ“ обединува фудбалски навивачи, поддржувачи, клубови, играчи,  групи и заедници кои се борат против дискриминацијата во фудбалот и спортот.  Оваа кампања се одржува во текот на месец октомври секоја година. Во текот на годинешната акција ќе се мобилизираат 150.000 луѓе, со повеќе од 2.000 настани во над 50 земји со порака за поддршка на разновидноста и вклучување на сите маргинализирани групи во оваа магична игра. Ова е најголема кампања во светот за социјални промени во фудбалот. Во последните години многу активности се одвиваат низ целиот свет, во речиси секоја европска земја и во Аргентина, Бразил, Камерун, Мексико, Виетнам, Тајланд, САД и Јужна Африка, поддржани од некои од наголемите ѕвезди во фудбалот како Јаја Туре, Икер Касилјас, Дидие Дрогба, Томас Хицлспергер, Кејси Стони, Анита Асанте, Марко Верати, Џорџо Киелини и Единсон Кавани.

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Македонскиот Центар за Култура и Развој како национален ФАРЕ координатор и оваа година ја организираат оваа акција во нашата земја и на сите натпревари од Првата фудбалска лига кои ќе се одржаат на 25. октомври ќе бидат покажани црвени картони со порака „НАЦИОНАЛИЗМОТ И РАСИЗМОТ НАДВОР ОД ФУДБАЛОТ“.

Ваквиот вид на активности имаат суштинско значење за развојот на фудбалот и за неговата позитивна општествена улога и Фудбалската федерација на Македонија дава континуирана поддршка.





   
   
А репрезентација