Доне Ристовски ќе суди во полуфинале на Европско првенство во футсал

Објавено на 08 Септември, 2023 во Вести, Футсал


Македонскиот судија Доне Ристовски доби големо признание. Имено, нашиот интернационален судија денеска ќе испише историја за футсалот во Македонија, делејќи ја правдата на полуфинален натпревар во рамките на Европското првенство во футсал кое се одржува во Пореч, Хрватска.

Доне Ристовски ќе биде главен судија на полуфиналниот дуел во кој силите ќе ги одмерат футсал селекциите на Португалија и Словенија. Денешниот натпревар од полуфиналето ќе започне во 17.30 часот.





   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација