Објавено на 19 Март, 2024 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација го оддржа вториот тренинг во турска Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.
Нашиот напаѓач, Бојан Миовски смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора.
- „Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат“.
- „Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус“.
- „Секогаш давам 200 % за клубот и репрезентацијата, секако ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес, различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже“.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....