Бојан Миовски: Ќе биде одличен натпревар

Објавено на 14 Ноември, 2023 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за натпреварите против Италија (17. ноември) во Рим и Англија (20. ноември) на Националаната арена „Тодор Проески“ од квалификаците за ЕП 2024.

Во пресрет на двата последни меча од квалификациите за Европското првенство своите очекувања од подготовките и натпреварите ги сподели нашиот офанзивен фудбалер Бојан Миовски.

- Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации, да видиме на кое ниво сме и мислам дека ова е вистинското време, немаме никаков притисок и одлични резултати со Италија на последните натпревари. Одиме да се надигруваме, треба да ги чекаме нашите шанси во против нападите, нормално е тие да имаат поголем посед и контрола врз играта, но ќе се обидеме да ги изненадиме. 



   
   
А репрезентација