Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци до 21. година за натпреварот против Романија

Објавено на 30 Септември, 2014 во Вести, До 21 год


Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21. година го објави списокот на играчи на кои ќе смета за контролниот натпревар против Романија на 13. октомври 2014. на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

За пријателскиот натпревар против романската селекција, Милевски ги повика следните фудбалери:

Голмани: Дамјан Шишковски (Работнички), Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.)

Одбрана: Филип Ристевски (Металург), Ѓоко Зајков(Рен, Франција), Јасир Асани (Вардар),Виктор Талевски (Брегалница Ш.), Висар Муслиу (Сент Гален, Швајцарија), Ангелче Тимовски (Силекс), Леон Најдовски (Македонија ЃП)

Среден ред: Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Бесир Демири (Шкупи), Бурхан Мустафов (Палистер), Ѓорги Стоилов (Хоризонт Турново), Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Бобан Николов (Виторул Констанца, Романија)

Напад:  Валмир Нафиу (Хамбургер, Германија),Димитар Иванов (Вардар), Филип Пивковски (Новара, Италија), Демир Имери (Шкендија), Кристијан Костовски (Силекс), Виктор Ангелов (Металург)

-Ова ќе биде наш прв заеднички собир, но веднаш треба да ја сфатиме одговорноста и да се обидеме да се наметнеме пред фудбалската јавност во малку поинакво светло во однос на претходните квалификации. Рековме дека составот на репрезентацијата за натпреварот против Романија нема да трпи многу промени во однос на последниот квалификациски со Израел, составот на повиканите играчи може да трпи промени, конечниот ќе го имаме до почетокот на подготовките во Дојран. Иако сме во позиција кога треба да создаваме нова генерација на селекцијата до 21 година, сметам дека играчите кои се на списокот имаат потенцијал и квалитет, а низ разговорите со нив, сфативме дека и мотивот за докажување и позитивни резултати не недостасува, за нас е тоа многу важно и се надевам дека заеднички ќе напредуваме на секој тренинг или натпревар. Ни недостасуваат Илиев, Аврамовски, Марковски, Тошевски и Бејтулаи кои се повредени, а Радески и Велковски се во составот на А репрезентацијата. Основата на младата репрезентација ќе ја бараме во овој состав, но тоа не значи дека и останатите нема да добијат шанса. Напротив, за нас сите се активни репрезентативци, ги следиме и доколку играат во своите тимови ќе бидат повикани и во репрезентацијата. Натпреварот со Романија е пријателски, но ќе бараме резултат, во денешниот фудбал тоа е најбитното. Играчите мора да ги прифатат принципите и методите на работа од причина што стручниот штаб одговара за вкупниот ефект, а тренерите се тие кои треба да се посветат на тимот и на добра работа, изјави селекторот на репрезентацијата, Благоја Милевски.


Репрезентацијата на Македонија ги започнува подготовките за натпреварот со Романија на 7. октомври, до 12. октомври тренинзите ќе се одработуваат во Дојран, селекцијата на ден пред натпреварот се враќа во Скопје. Контролниот натпревар Македонија – Романија се игра од 19.00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. 




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација