Благодарница за ФФМ од Министерството за одбрана и Армијата за поддршката во организацијата на футсал купот „Куп за мир“

Објавено на 13 Септември, 2019 во Вести


Претставници на министерството за одбрана и македонската армија врачија признание на Фудбалската федерација на Македонија за поддршката во организацијата на регионалниот футсал куп „Куп за мир“.

Нашето министерство за одбрана и армијата од 26. до 30. август беа организатори на 11-от футсал куп под покровителство на меѓународниот сојуз за воени спортови (CISM). На турнирот учествуваа шест држави. Во конкуренција на БиХ, Црна Гора, Словенија, Србија, Хрватска и Македонија, футсал тимот од Босна и Херцеговина го освои првото место. 

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини се заблагодари за признанието, напоменувајќи дека „Куќата на фудбалот“ секогаш ќе биде поддршка за настани од овој или сличен карактер. 



   
   
Актуелности

14.10.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на дуелот со Казахстан

Ристовски и Руфати: Не се сомневаме дека тимот повторно ќе го даде најдоброто од себе за нова победа во квалификациите....

Календар
А репрезентација