Билетите за Малта - Македонија пуштени во електронска продажба

Објавено на 04 Септември, 2023 во Билети, Вести


Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Малта - Македонија кој ќе се одигра на 12. септември, 2023 г. на стадионот „Та` Кали“ во Малта се пуштени во продажба.

Билетите, по цена од 8 евра за возрасни лица и 4 евра за лица под 12 години и повозрасни од 60 години можат да се купуваат електронски на следниот линк:

https://tickets.mfa.com.mt/

Вкупниот број на билети кои се наменети за македонските поддржувачи во секторот од северната трибина на стадионот „Та Кали“ изнесува 4000 (сината боја од мапата на стадионот). 

Фановите кои ќе патуваат во Малта, билетот за натпреварот Малта - Македонија може да го добијат во ПДФ форма откако ќе го завршат процесот на електронско купување на влезница. 








   
   
А репрезентација