Баражи за пополнување 1 и 2 МФЛ

Објавено на 25 Мај, 2016 во Вести


Бараж дуелите согласно пропозициите за натпреварување во соодветниот ранг, ќе се одиграат во два натпреварувачки денови: 25. и 29.05.2016. година со почеток во 16.00 часот. Пласман во Втора лига обезбедува подобрата екипа во меѓусебниот дуел од двата натпревари. Не важи правилото „гол во гости’ . Во случај на ист број бодови и гол разлика од двата натпревари, веднаш се пристапува кон изведување пенали.

Љубанци - Новаци (Градски стадион - Кичево), среда, 25.05.2016 со почеток во 16:00 часот

Академија Пандев - Гоблен (Градски стадион - Кочани), среда, 25.05.2016 со почеток во 16:00 часот

Согласно пропозициите и пласманот на екипите во Прва и Втора МФЛ, бараж дуел за пополнување на Првата лига ќе играат екипите на Хоризонт и Пелистер по горенаведениот принцип. Натпреварите ќе се одиграат на стадионот Ѓорче Петров во истите термини за бараж натпревари: 25. и 29.05.2016. од 16.00 часот.

 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација