Објавено на 30 Мај, 2025 во Вести, А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија одигра нерешено, 1:1 против селекцијата на Летонија во рамките на последното коло од групата 6, сегмент Ц во рамките на Лигата на нации.
Нашата репрезентација долго време беше во предност, откако рано во 16. минута Меијер постигна гол за предност од 1:0. Севцова во 65. минута го израмни резултатот.
Македонија заврши последна во групата со само еден освоен бод.
Лига нации за жени
Сегмент Ц, Група 6
Летонија - Македонија 1:1 (0:1)
Македонија: Велјановска, Недева, Николовска, Панева, Панеска, Андреевска, Галабовска, Марковска, Меијер, Мустафа, Максути;
Селектор: Александар Андов;