А репрезентација: Македонија - Финска на „Глорија арена“, против Азербејџан на арена „Мардан“

Објавено на 15 Март, 2018 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација в недела ги започнува подготовките за двата контролни натпревари против Финска (23. март) и Азербејџан (27. март) кои ќе се одиграат во турска Анталија. 

Нашата најдобра селекција натпреварот против Финска ќе го одигра на „Глорија“ арена во 17:00 часот по македонско време, додека пресметката против Азербејџан четири дена подоцна ќе се одигра на „Мардан“ арена исто така во 17:00 часот. 




   
   
А репрезентација