А репрезентација: Дарко Велковски отпаѓа поради повреда, повик за Ѓоко Зајков

Објавено на 05 Октомври, 2018 во Вести


Дарко Велковски поради повреда нема да биде во составот на А репрезентацијата на Македонија за октомвриските натпревари во Лига на Нации против Лихтенштајн (13. октомври, Национална арена „Филип Втори“) и Ерменија (16. октомври, „Вазген Саргсјан“).

Дефанзивецот на Ријека има руптура на задната ложа и поради тоа не е во можност да конкурира за настап на претстојните натпревари.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски прати дополнителен повик за Ѓоко Зајков од белгиски Шарлроа. 



   
   
А репрезентација