А футсал: Нерешено против Франција во Велес

Објавено на 01 Септември, 2016 во Вести, Футсал


Македонската А футсал репрезентација одигра нерешено 1:1 на вториот контролен натпревар против Франција во Велес. Нашата најдобра футсал селекција одигра одличен дуел, бевме подобар противник од французите, но нереализираните шанси не чинеа победа против реномираниот состав на „триколорите“.

Таулант Исмаили во деветтата минута го постигна водечкиот гол за избраниците на селекторот Иван Божовиќ. До крајот од полувремето ние не реализиравме неколку одлични шанси за удвојување на предноста, а казната стигна пред истекот на првиот дел кога Александар Глигоров си постигна автогол.

Играчите на Македонија доминираа и во продолжението, но повторно не бевме на ниво во завршницата од акциите, а среќата беше на страна на Франција.

Македонската футсал репрезентација со двата натпревари против Франција ја заврши првата фаза од подготовките за квалификациите за ЕП 2017 година.



   
   
А репрезентација