Објавено на 30 Август, 2023 во Вести, Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Италија (9. септември, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Малта (12. септември, 20:45 часот, Малта).
Во најдобриот состав на македонската репрезентација дебитанти се фудбалерот на дански Хвидовре, Ахмет Иљазовски и напаѓачот на Вараждин, Димитар Митровски.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ - Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан ШИШКОВСКИ - Докса, Кипар
Игор АЛЕКСОВСКИ - Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ - Падерборн, Германија
Ѓоко ЗАЈКОВ - Универзитатеа Крајова, Романија
Никола СЕРАФИМОВ - Фехервар, Унгарија
Јован МАНЕВ - Адана Демирспор, Турција
Езѓан АЛИОСКИ - Ал-Ахли, Саудиска Арабија
Бојан ДИМОСКИ - Акрон Тољати, Русија
Ахмет ИЉАЗОВСКИ - Хвидовре, Данска
Стефан АШКОВСКИ - Ламија, Грција
Дарко ВЕЛКОВСКИ - Ал Етифак, Саудиска Арабија
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ - Трабзонспор, Турција
Јани АТАНАСОВ - Краковија, Полска
Агон ЕЛЕЗИ - Вараждин, Хрватска
Аријан АДЕМИ - Пекинг Гуан, Кина
Елиф ЕЛМАС - Наполи, Италија
Давид БАБУНСКИ - Мезоковешд, Унгарија
Давор ЗДРАВКОВСКИ - Мадервил, Шкотска
Љупче ДОРИЕВ - Согдиана, Узбекистан
НАПАД:
Илија НЕСТОРОВСКИ - Асколи, Италија
Милан РИСТОВСКИ - Спартак Трнава, Словачка
Бојан МИОВСКИ - Абердин, Шкотска
Александар ТРАЈКОВСКИ
Дориан БАБУНСКИ - Грасхоперс, Швајцарија
Димитар МИТРОВСКИ - Вараждин, Хрватска
Марјан РАДЕСКИ - Струга Трим Љум
Ваљон ЕТЕМИ - Истанбулспор, Турција
Дарко ЧУРЛИНИВ - Барнли, Англија
Официјалниот собир на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Италија и Малта од квалификациската група за ЕП 2024 е закажан за 4. септември во х. Хилтон во Скопје.