Куп на Македонија - полуфинални двојки

Објавено на 08 Март, 2024 во Куп на Македонија, Вести


Во "Куќа на фудбалот" со извлекување беа одредени паровите за полуфиналето од Купот на Македонија.

ШКУПИ - ТИКВЕШ и ВОСКА Спорт - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. ќе се соочат во двомеч за место во натпреварот за трофеј во Купот на Македонија.

Се играат два натпревари. Првиот меч од соочувањето е закажан на 3. април, додека реваншите се на програмата на 17. април од 15:00 часот. 

Финалето од Купот на Македонија е закажано на 22. мај. 



   
   
А репрезентација