Женската селекција на Македонија до 19 години на тренинг камп во Кнежино

Објавено на 21 Август, 2023 во Вести, До 19 год


Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 19 до 23 август, под водство на селекторот Астрит Мерко ќе одработи тренинг камп, на кој фудбалерките ќе се подготвуваат за престојните предизвици што ги очекуваат.

Тренинг кампот во Кнежино ќе биде искористен и да се провери моменталната форма на фудбалерките.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Астрит Мерко, за овој тренинг камп се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Кристина Павлоска (Шкендија), Мартина Силјаноска (Атлетико);

Одбрана: Еда Далипи (Ас Јунајтед), Матеа Блажеска (Љуботен), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Ива Јованоска (Љуботен), Рона Рустеми (Шкендија), Дарија Стојческа (Топ Гол), Катарина Петкова (Истатов);

Средина: Сара Мена (Ас Јунајтед), Михаела Настовска (Цевитана), Теодора Далчевска (Ас Јунајтед), Анастасија Илиевска (Цевитана), Јована Павловска (Цевитана), Мелиса Димитроска (Атлетико), Ива Јосифова (Тиверија), Миа Велинова (Скопје), Диана Алуши (Ас Јунајтед), Ариана Ајдари (Хомбург - Бротал, Германија), Надица Гелева (Кочани);

Напад: Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеса (Тиверија);

Женската репрезентација на Македонија предводена од селекторот Астрит Мерко, во периодот од 16 до 26 септември, ќе учествува на силниот меѓународен контролен турнир "Словенија Куп". Овој контролен турнир ќе биде последна проверка на нашите млади репрезентативки пред почетокот на самите квалификации.

Квалификациите на младата селекција на Македонија до 19 години ќе започнат на 20 октомври и ќе бидат одржани во Ерменија.





   
   
А репрезентација