Женската репрезентација на Македонија до 19 години славеше минимална победа против Албанија

Објавено на 08 Јуни, 2021 во Вести, До 19 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Астрит Мерко успеа да слави минимална победа против Албанија во првиот натпревар од меѓународниот турнир „Bansko Pirin Womens Cup".

Нашите фудбалерки забележаа минимална победа со 1:0. Стрелец на единствениот погодок на денешната средба беше Оливера Чоклеска во 13 минута. Одличен натпревар за нашите млади фудбалери и сосема заслужена победа. Вториот натпревар од овој турнир го играме против домаќинот, селекцијата на Бугарија на 14 јуни.




   
   
А репрезентација