Женската репрезентација на Македонија до 19 години на Уефа квалификациски турнир во Словенија

Објавено на 04 Април, 2022 во Вести, До 19 год жени


Женската репрезентација на Македонија до 19 години во Словенија ќе учествува на Уефа квалификациски турнир во периодот од 6 до 12 април.

Македонија се наоѓа во групата 2 од Б лигата, заедно со селекциите на Словенија, Лихтенштајн и Молдавија.

Првиот меч го играме против Лихтенштајн на 6. април со почеток од 17.30 часот, три дена подоцна ќе се сретнеме со Молдавија во 17.30 часот. Последната средба ја играме против домаќинот Словенија на 12. април, со почеток од 16.30 часот.

Сите три натпревари од квалификацискиот турнир ќе бидат одиграни на стадионот Портовал, во Ново Место.

Селeкторот на младата женска репрезентација на Македонија, Астрит Мерко за претстојниот квалификациски турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Берна Кабакчи (Бергх, Холандија), Јана Луба Зврлевска (Скопје 2014);

Одбрана: Александра Јовановска (Борец), Ефимија Цунева (Тиверија), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Ана Милчевска (Истатов 2015), Викторија Недева (Тиверија), Миа Головска (Скопје 2014), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Дајана Ристовска (Каменица Саса);

Среден ред: Ера Стеблева (Асс Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ангела Зафироска (Деспина), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед);

Напад: Јехона Велиу (Грасхопер Клуб Цирих, Швајцарија), Теа Божиновска (Скопје 2014), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (СЦ Истатов 2015), Еда Далипи (Асс Јунајтед), Ивана Кузмановски (Лондон Сити, Англија), Лора Сулејмани (ПСЖ Парис, Франција)





   
   
А репрезентација