Женската репрезентација на Македонија до 17 поразена со 2:1 од Косово

Објавено на 09 Октомври, 2023 во Вести, До 17 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години загуби со минимални 2:1 од домаќинот, Косово во битката за првото место на квалификацискиот турнир од Б лигата.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска иако имаа предност од 1:0, на крајот во еден возбудлив и интересен меч до самиот крај загубија со 2:1.

Нашите фудбалерки последните 20 минути од средбата ги одиграа со играч помалку. Исклучена беше Комненова која во периодот од 66 до 69 минута заработи два жолти картони.

Стрелец на голот за водство на Македонија го постигна Попески во 11. минута. Косово го израмни резултатот во 27. минута преку Фека.

Голот за победа на Косово го постигна Хокха во 84. минута од мечот.

Македонија:  Комненова, Коловска, Додевска, Крстева, Василева, Величковска, Трендова, Боризоска, Галабовска, Попески, Грозданова;

Селектор: Катерина Милеска;



   
   
А репрезентација