Женската репрезентација на Македонија до 17 го заврши настапот на квалификацискиот турнир во Полска

Објавено на 20 Март, 2024 во Вести, До 17 год жени


Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години со три порази го заврши настапот на квалификацискиот турнир за жени, кој се одржи во Полска во периодот од 13 до 19 март.

Нашите млади фудбалерки беа во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите и за противници ги добија силните репрезентации на Полска (домаќин), Данска и Шкотска.

Во првото коло од турнирот забележавме убедлив пораз од домаќинот, селекцијата на Полска со 9:0. 

Во второто коло се соочивме со Данска. Во овој натпревар, противникот славеше победа со 3:0.

Во последното коло загубивме од Шкотска со 7:0.

По одигрување на сите натпревари во групата 7 од А лигата (втора рунда), репрезентацијата на Македонија предовдена од Катерина Милеска заврши на последното место. Првото место го освои домаќинот и фаворитот во групата Полска со три победи и девет освоени поени. На второто место се најде селекцијата на Шкотска со две победи, пораз и шест освоени бодови. Трета заврши Данска до учино од една победа и два порази, вкупно три освоени бодови.

Во следниот квалификациски циклус, женската млада репрезентација на Македонија до 17 години ќе игра во Лига Б.







   
   
Актуелности

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

06.02.2025    Вести

Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....

Календар
А репрезентација