Женската А репрезентација поразена од Косово со 2:0

Објавено на 27 Октомври, 2023 во Вести, До 19 год жени


Женската А репрезентација на Македонија беше поразена од селекцијата на Косово во рамките на второто коло од групата 5 во Лигата на нации.

Избраничките на селекторот Кирил Изов и покрај неколкуте добри можности за погодок, особено во второто полувреме, беа поразени со 2:0.

Противникот успеа да го реши прашањето на победникот уште по првите 45. минута кога успеа да постигне два погодоци. Лимани во 20. минута од средбата погодува за предност на селекцијата на Косово од 1:0. Во 41. минута, Халилај стрела за предност на својата селекција од 2:0. 

Во продолжението од средбата, Македонија одигра многу подобро, но тоа не беше доволно за промена на резултатот. Пропуштивме да реализираме неколу добри шанси за постигнување на погодок.




   
   
А репрезентација