Женската А репрезентација на Македонија славеше победа над Летонија

Објавено на 01 Септември, 2022 во А репрезентација жени


Женската А репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство 2023.

Македонија успеа да слави победа со 3:2 над Летонија.

Нашиот капитен и најдобра фудбалерка, Наташа Андонова два пати успеа да се запише во листата на стрелци.

Противникот одлично го отвори мечот и уште во 5. минута поведе со 1:0. Избраничките на селекторот Кирил Изов брзо ги консолидираа своите редови по рано примениот погодок. Македонија од 13. до 17 минута преку Наташа Андонова успеа да направи комплетен пресврт.

Роки со погодок во 72. минута го реши прашањето на победникот на денешната средба. До крајот на дуелот, противникот успеа да го намали резултат.

Македонија: Панчурова, Ѓорѓиевска, Николовска, Милчевска, Јошевска, Шемсовиќ, Живиќ, Андреевска, Андонова, Максути, Рочи;





   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација