Објавено на 08 Август, 2023 во Вести, А репрезентација жени
Женската А репрезентација на Македонија во моментов се наоѓа во Дојран, каде интензивно тренира во рамките на кампот што го организира селекторот Кирил Изов.
Нашите најдобри фудбалерки на овој камп се подготвуваат за претстојните предизвици што ги очекуваат во септември.
Селекторот на македонската женска селекција, Кирил Изов на овој камп ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Марија Јаневска (Истатов 2015), Кристина Павлоска (Шкендија);
Одбрана: Сара Коларовска (Скопје 2014), Катерина Милеска (Цевитана), Ана Милчевска, Катерина Петкова (Истатов 2015), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед), Александра Јовановска (Истатов 2015), Сузана Бошковска (Истатов 2015);
Среден ред: Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Сара Ефтинџиоска (Цевитана), Дајана Ристовска (Скопје 2014), Елма Шемсовиќ (Скопје 2014), Миа Головска (Скопје 2014), Рабија Дервиши (Скопје 2014);
Напад: Стефанија Ристова, Јована Павловска (Цевитана), Јулија Живиќ, Хава Мустафа (Шкендија), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Ленче Андреевска (Каменица Саса);
Кирил Изов, селектор на женската репрезентација на Македонија;
„ Целта на овој камп е што подобро да се подготвиме за предизвиците што не очекуваат наредниот период. Моите фудбалерки максимално сериозно се залагаат на овие тренизни, работиме напорно и се трудиме од ден во ден да бидеме се подобри.
„ Во септемри стартува Лигата на нации. Се наоѓаме во група со Бугарија и Косово. Нема да биде лесно, но очекувам до самиот почеток да бидеме во добра натпреварувачка форма. Првиот натпревар го играме против Бугарија, во Скопје на 22. септември.
„ Очекувам добар наш настап на претстојните натпревари од Лигата на нации. Се надевам дека ќе успееме да обезедиме добар пласман и ќе ги израдуваме нашите навивачи.
„ Што се однесува до капмот што го организираме во спортскиот центар Истатов, во Дојран, имаме одлични услови за работа. На програмата се 10 тренинзи и две контролни средби против младата машка репрезентација на Македонија до 15 години. Ќе го искористиме овој период за да се подготвиме и да бидеме на едно високо ниво пред почетокот на Лигата на нации.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...