Женска репрезентација на Македонија: Пораз со 3:0 од Грузија на првиот контролен дуел

Објавено на 26 Февруари, 2024 во Вести, А репрезентација жени


Женската репрезентација на Македонија забележа пораз од селекцијата на Грузија со 3:0 во рамките на првиот контролен дуел помеѓу овие селекции одигран Тбилиси.

Грузиската репрезентација одигра одлично второто полувреме во кое успеа да ги постигне сите три погодоци.

Во првиот дел, видовме многу голема борба на средината од теренот, без многу можности и закани по двата гола. Избраниците на селекторот Кирил Изов ја имаа најдобрата шанса во 8. минута преку Веса Села. Фудбалерката на Македонија се најде во одлична прилика, но немаше среќа, ја погоди само пречката од голот. Во 20. минута Петрушевска се запиша во листата на стрелци, но голот на Македонија беше поништен, поради недозволна офсајд ситуација.

На самиот старт од второто полувреме нова добра прилика за Македонија имаше Илза Максути. Во 53. минута од средбата, противникот ги казни нашите пропуштени шанси и успеа да поведе со 1:0. Бебиа Маико беше стрелец на водечкиот гол за Грузија. Капитенот Ана Чеминева со два погодоци во 62 . и 84. минута ги постави конечните 3:0.

Вториот контролен натпревар овие две репрезентации ќе го одиграат на 28 февруари.

Македонија: Ведрана Комненова, Сара Ефтинџиоска, Катерина Петкова, Сара Коларовска, Веса Села, Радица Велкова, Јилза Максути, Кристина Петрушевска, Оливера Цоклеска, Елена Панеска, Икмете Лимани;

Селектор: Кирил Изов;



   
   
А репрезентација