Женска репрезентација на Македонија до 19 години: Убедлива победа над Фарски Острови

Објавено на 21 Октомври, 2021 во Вести, До 19 год


Македонската репрезентација до 19 години забележа убедлива победа против Фарски Острови во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир што се игра во Белорусија.

Нашите млади фудбалерки одиграа одлично и заслужено славеа со 3:0. Николовска во 33. минута го постигна водечкиот погодок за Македонија. Нашата предност ја зголеми Божиновска во 74. минута. Конечните 3:0 ги постави Мојсоска од пенал во 87. минута.

Следниот натпревар во групата е на 23. октомври во 18.00 часот против домаќинот на турнирот Белорусија.

МАКЕДОНИЈА: Кабакчи, Сулејмани, Милчевска, Недева, Јахји, Стаблева, Мојсоска, Николовска, Велкова, Божиноска, Чоклеска;



   
   
А репрезентација